Реализирани проекти » Оптимизирана употреба на веродостојни и сигурни просторни податоци– донација финансирана од Кралството Холандија

Оптимизирана употреба на веродостојни и сигурни просторни податоци– донација финансирана од Кралството Холандија

Проект – Оптимизирана употреба на веродостојни и сигурни просторни податоци– донација финансирана од Кралството Холандија

Проектот – Оптимизирана употреба на  веродостојни и сигурни просторни податоци –  е финансиран од страна на Кралството Холандија донација во вредност  од 70.000  евра. Проектот ќе се имплементира во Агенцијата за катастар на недвижности во  период од септември 2016  до  февруари 2017 година, со поддршка на холандската Агенција за катастар, земјиштен регистар и картографија. Проектот се имплемeнтира  преку две проектни поткомпоненти, и тоа:

  • Ажурирање на Стратегијата за НИПП на Република Македонија; и
  • Ажурирање и автоматско производство на топографски карти.
Со имплементацијата на првата поткомпонента холандската Агенција за катастар, земјиштен регистар и картографија ќе обезбедат поддршка на  Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) во процесот на подобрувањето на националната рамка за креирање интегрирани сетови на просторни податоци изработени во согласност со европската директивата INSPIRE. Во рамките на проектот е планирано да се организираат  работилници, семинари и промоција на новата стратегија за НИПП. Во сите проектни активности е планирано активно да учествуваат вработените од АКН и претставниците на  сите НИПП-субјекти во Република Македонија.
Со втората поткомпонента, холандските експерти  преку пренесување знаења и искуства ќе ѝ помогнат на АКН за  подобрување на  квалитетот  на топографските карти, во процесот на автоматска изработка на топографските карти, во согласност со  потребите на корисниците и општеството во целина. Во рамките на проектот е планирана студиска посета на холандската Агенција за катастар, земјиштен регистар и картографија со цел запознавање со процесот на производство на топографски карти и технологиите кои се применуваат при нивната изработка. Очекуван резултат од оваа поткомпонента е изработка на извештај со препораки за употребата на  алатките и технологиите за ажурирање и автоматизирање на процесите за изработка на топографските карти во Република Македонија, запознавање со  техниките за брзо картирање во случај на природни катастрофи со користење податоци од беспилотни летала и сателитски снимки.
Презентациите од проектот може да ги преземете на следните линкови: