Реализирани проекти » Натпревар на идеи

Натпревар на идеи

Натпреварот на идеи почнува: предизвик за комбинирање и користење на веќе постоечките просторни податоци за да се добие нова т.н. mash-up услуга

Проектот ИНСПИРАТИОН – инфраструктура на просторни податоци за Западен Балкан започна со натпревар на идеи и со доставување концепт за апликацијата  mash-up што комбинира просторни веб-услуги за регионот во новата апликација за додатни вредности. Имплементацијата на најдобрите идеи ќе биде осигурена од страна на проектот ИНСПИРАТИОН.
Проект ИНСПИРАТИОН – инфраструктура на просторни податоци за Западен Балкан го објави натпреварот на идеи и повикот за просторни апликации кои се темелат на користење на постоечки податоци и услуги, со цел подигање  на свеста за просторни податоци на регионалниот форум за ИНСПИРЕ кој се одржува во Загреб.
Со натпреварот на идеи, проектот ИНСПИРАТИОН ги поттикнува граѓаните од Албанија, Босна и Херцеговина, Република Македонија, Црна Гора, Србија и Косово да понудат концепт за апликацијата mash-up кои се темелат на ИНСПИРЕ или на националната инфраструктура на просторни податоци.
Наградата вклучува финансиска поддршка на победниците за учество на Европската конференција за ИНСПИРЕ во Фиренца следната година, како и стручњаци за спроведување на двете најдобри рангирани идеи. Целта на овој натпревар е подигање на свеста за инфраструктурните просторни податоци во регионот со директно вклучување на граѓаните и нивните идеи за просторни податоци. Од една страна, концептот треба да ги пополни празнините помеѓу услугите кои ги дава јавната власт, а од друга страна, реалните потреби и интереси на граѓаните и општеството во целина.
Воспоставувањето соодветни услови за користење на веќе постоечките и достапни податоци за други намени е замислена како една од клучните карактеристики на инфраструктурата на просторни податоци, па соодветно на тоа и на ИНСПИРЕ.
Со натпреварот на идеи, проектот бара специфични идеи за користење и комбинирање на постоечките податоци за да се создаде нова т.н. mash-up услуга. Mash-up е веб-апликација која комбинира, обединува и визуализира два или повеќе извори на податоци за да може да ги направи постоечките податоци корисни и приспособливи за потребите на корисникот. Сите извори на податоци не мора да бидат од просторна тематика, но барем еден што ќе го предложи натпреварувачот  мора да биде со просторна проблематика, по можност од 34. просторна тема на ИНСПИРЕ.
Овој повик се однесува исклучиво на концепти и идеи. Натпреварот не вклучува спроведување на идеите бидејќи тоа ќе биде осигурано од страна на проектот.
Повикот е отворен до 31 јануари 2013 год. Идеите за апликацијата mash-up треба да бидат пратени по електронски пат преку е-пошта на
ideas-competition@inspiration-westernbalkans.eu.
Спецификациите за повикот се достапни на
Сите заинтересирани учесници кои имаат прашања поврзани со учеството можат да го користат следниот контакт:
christian.ansorge@umweltbundesamt.at.
Проектот ИНСПИРАТИОН – инфраструктура на просторни податоци за Западен Балкан ( www.inspiration-westernbalkans.eu) е регионален проект во повеќе земји што е финансиран од страна на Европската унија. Проектот има цел промовирање на инфраструктурните просторни податоци (ИПП) и координирање на неговата имплементација за Западен Балкан, врз основа на подготовка на корисникот за исполнување на целите на директивата ЕУ ИНСПИРЕ.