Реализирани проекти » Изработка на основна државна карта за ГИС

Изработка на основна државна карта за ГИС

Картите се основен извор на геопросторни информации и се една од најважните технички компоненти во процесот на управување, изработка на развојни студии, проекти за планирање, анализа на просторните податоци и друго.

Со реализацијата на проектот Изработка на основна државна карта за ГИС во Република Македонија е надмината состојбата со застарените топографски карти, изработени од Воено-географскиот институт во Белград во 1972 година, кои досега беа во континуирана примена.

Благодарение на проектот, постигнат е висок степен на ажурност и компатибилност на новите топографски карти со современите техничко-технолошки правци во картографијата. Целосно е постигнат успех во востанувањето на картографската продукција, која е резултат од заедничката работа и севкупниот ангажман, во периодот 2004-2006, на студискиот тим на Јапонската агенција за интернационална соработка (JICA) и тимот на Агенцијата за катастар на недвижности.

Документи: