Реализирани проекти » Зајакнување на капацитетите за спроведување на Стратешкиот план на АКН 2009 -2012

Зајакнување на капацитетите за спроведување на Стратешкиот план на АКН 2009 -2012

Шведскaта агенција за обнова и развој – Sida  и понатаму го поддржува развојот на АКН  во модерна и ефикасна институција одговорна за геопросторните податоци и правата на недвижностите, по примерот на модерните европски катастри.

Оттаму, Шведскaта агенција за обнова и развој – Sida  ја поддржа АКН во своите напори преку дополнителна помош во вид на донација преку финансирање на проектот „Зајакнувањето на капацитетите за спроведување на Стратешкиот план за АКН 2009 -2012“.

Проектот е за поддршка  на капацитетите на  АКН  во  реализацијата и имплементацијата на стратешко-деловниот план на АКН за 2009 – 2012 година.
Период на имплементација на проектот  е 3 години, со почеток на имплементација на проектот во ноември 2009 и завршување на проектот во декември 2012 година.

Вредноста на донацијата е 26.033.400 СЕК.
Компоненти на проектот:
1. E–катастар

2. Геодезија

3. Дигитални планови

4. Ефективни бизнис-процеси

5. Развој на човечки ресурси

Е-катастар 

  •  Имплементација на систем за одржување на алфанумеричките катастарски податоци  во  Македонија
  •  Воспоставена база на податоци интегрирана во е-катастар
  •  Имплементиран roll-out план на е-катастар
  •  Имплементација на електронски шалтер за електронска достава на предмети од  страна на  професионалните корисници
  •  Воведен систем за дистрибуција на податоците од АКН до крајните корисници
  •  Воведени ефикасни процеси за работа  

 

Функционален систем за катастарски планови

  • WEBGIS  интегриран интернет-сервис кој овозможува преглед до геопросторните податоци на  АКН и пребарување на недвижностите преку графички приказ на локацијата
  • Воведување функционален уредувач (editor) за одржување на дигитални катастарски  планови
  • Воведување систем за креирање метаподатоци за воспоставување Национална инфраструктура на просторни податоци
  • Дефинирани просторни единици

 

Геодезија 

  •  Воведување  активен ГНСС референтен систем – МАКПОС кој овозможува користење  на  модерна технологија за сателитско гео-позиционирање
  •  Воспоставување на апсолутна гравиметриска мрежа
  •  Обука за крајните корисници за користење на ГНСС референтната мрежа

 

Ефективни бизнис-процеси

  •  Подобрено бизнис-планирање
  •  Воведување електронско плаќање на услугите и производите на АКН преку ПОС  терминали/платежни картички (Visa и Mastercard)
  •  Развој на нови бизнис-области
  •  Генерална стандардизација на работните процедури
  •  Развиена политика на податоци

 

Развој на човечки ресурси 

  •  Свесност меѓу вработените за бизнис-концептот на АКН
  •  Персонал кој е подобро обучен за  комуникација со клиентите
  •  Помотивиран персонал

 

Документи: