Реализирани проекти » Зајакнување на институционалните капацитети на Државниот завод за геодетски работи 2005-2008

Зајакнување на институционалните капацитети на Државниот завод за геодетски работи 2005-2008

Проектот Зајакнување на институционалните капацитети на Државниот завод за геодетски работи 2005-2008,  финансиран од страна на Шведската агенција за меѓународен развој (СИДА), се имплементира во Агенцијата за катастар на недвижности во период од август 2005 до септември  2009 година (фаза 1).
Со цел да обезбеди континуитет во спроведување на своите активности, а сврзани со имплементација на значајни реформски чекори, Агенцијата за катастар на недвижности доби одобрение од Шведската агенција за меѓународен развој (СИДА) за финансирање на Агенцијата во меѓупериодот, во времетраење од 9 месеци, чија висина изнесува 5.000.000 СЕК почнувајќи од јануари до септември  2009 година.
Целта на продолжувањето на овој проект е премостување на активностите започнати co Проектот за зајакнување на институционалните капацитети на ДЗГР 2005-2008 (фаза 1) и новиот проект Зајакнување на капацитетите на АКН во имплементациојата на Стратешко-деловниот план на АКН 2009-2012 година (фаза 2), кој е планирано да се имплементира во текот на октомври 2009 година.
Висината на донацијата за проектот Зајакнување на институционалните капацитети на Државниот завод за геодетски работи 2005-2008 изнесуваше 27.000.000 СЕК, а во имплементацијата на проектот беше ангажирана консултантската куќа  „Свидсрвеј АБ“ (Swedesurvey АБ) .
Проектот претставува дел од сеопфатниот напор на тогашниот ДЗГР, сегашен АКН,  во  развивањето на унифициран катастар на недвижности и функционален регистрациски систем на недвижностите во Република Македонија.

1. Цели и учиноци на грантот од СИДА
1.1.Задача и цели на  проектот
Целта на проектот Зајакнување на институционалните капацитети на Државниот завод за геодетски работи 2005-2008,  финансиран  од СИДА е: основање на еден постојан центар за обука во рамките на ДЗГР, обезбедување странска и домашна обука за подобрување на сите аспекти на управување и работа со катастарот и запишувањето на правата на недвижностите.
Проектот требаше да даде и дополнителна поддршка на институцијата во развивање на капацитетите во областа на односи со јавноста и поддршка во создавањето на ИТ-единица во рамките на тогашниот ДЗГР, кој ќе биде во функција на воведување нови информациони модели на  управувањето со информатичката технолгија во доменот на управувањето со геопросторните податоци.

Очекувани придобивки од проектот беа следниве:

–  оперативен центар за обука, кој е целосно екипиран со опрема и персонал во рамките на ДЗГР, кој континуирано ќе држи курсеви;
–  курсеви за обука во врска со:

– управување со проекти,
– стратегии за управување за вишиот раководен кадар,
– канцелариски менаџмент и контрола на квалитет за раководниот кадар од средно ниво,
– автоматизиран катастар и регистрација,
– основање единица за односи со јавноста, за информирање и за работењето, за 2. и 3. година;

–  формирање на еден тим за управување со информативниот систем и за развој за целото времетраење на проектот;
–  техничка помош во управувањето со проектот Катастар на недвижности и регистрација, финансиран од Светската банка.

2. Проектни  активности за СИДА-грантот 


Формиран е Тренинг-центар за обука во централната зграда на АКН, опремена со потребната опрема за едукација,  проектори и други визуелни помагала за настава, како и геодетски инструменти во функција на едукација на вработените за практична настава, тотални станици и рачни ГПС. Обуките на вработените се одвиваа преку развој на едукативна програма, која ги опфаќаше следниве модули:

1. Модул 1. Вовед во управување со земјиште.

2. Модул 2. Управување со земјиште како дејност.

3. Модул 3. Проект на Светската банка за катастар за недвижен имот.

4. Модул 4. Основа за компјутери.

5. Модул 5. Права и вредности на недвижен имот.

6. Модул 6. Процедури за регистрација.

7. Модул 7. Премер и создавање катастар.

8. Модул 8. ГИС.

9. Модул 9. Запишување на право на сопственост и создавање КНР.

10. Модул 10. Управување со бази на податоци.

11. Програмирање-практична работа.

12. Модул 11. Системска администрација.

13. Модул 12. Фотограметрија и дигитална картографија.

Во процесот на воспоставување катастар на недвижности, СИДА-проектот активно учествуваше преку поддршка на комисиите за јавно излагање во нивната обука и реобука. Обуките беа спроведени од проектните тренери (правник/геодет), и тоа во текот на 2006 година за во текот на 2007/2008 година дел од искусните правници и геодети од АКН да поминат низ обука за обучувачи, со што се стекнаа со вештина на тренери (train the trainers).

Во периодот 2005-2009 година СИДА-проектот ја даде својата поддршка во организирање и одржување тренинзи и обуки на своите вработени од областа на проектен менаџмент, лидерство, финансиски менаџмент, маректинг и бизнис-планирање. Проектот СИДА организираше и обуки Front Desk за обучување на шалтерските работници за работа со странки.
Вработените во тогашниот ДЗГР, сега АКН, поминаа обуки во следниве области:

 1) подобрување на капацитетот за управување и организирање на функциите и работниот тек на човечки, технички и финансиски  ресурси,
2) подобрување на менаџерскиот капацитет на Единицата за управување со проектот на Светската банка за катастар на  недвижности и регистрација на ефективен и ефикасен начин,
3) поефикасна употреба на новите технологии за катастарски системи, како Глобалниот позиционен систем(ГПС), дигитална фотограметрија и тотални станици и современа информациска и комуникациска технологија,
4) образование за правни прашања поврзани со создавањето, регистрацијата и трансферот на правата на едвижностите и административни прашања,
5) развивање, имплементирање и одржување на регистрациските процедури и системи за управување со информации за недвижности и земјишна администрација,
6) помагање на приватните компании да воспостават и да работат со приватни катастарски геодетски компании.

Во текот на 2008 година СИДА-проектот даде поддршка на тогашниот Државен завод за геодетски работи, сега Агенција за катастар на недвижности (во натамошниот текст АКН), во подготовката на новата законска регулатива, односно новиот закон за катастар на недвижности. Поддршката се однесуваше на ангажирање локални експерти од областа на правото и геодезијата, кои помогнаа во изработката на законот и na основните организациони акти.

СИДА-проектот ја поддржа институцијата во процесот на воспоставување на ИТ-единица, ИТ-кадар што ќе биде едуциран за следење на современите ИТ-технологии и што ќе ñ даде поддршка на АКН при имплементацијата на нов регистрационен систем на недвижности, кој ќе дава поддршка во процесот на управување со геопросторните податоци и податоците за правата на недвижностите.

Проектот го поддржа создавањето на професионален интерактивен катастарски портал на интернет. Веб-порталот за првпат беше прикажан пред јавноста на 7 февруари 2007 година.

Проектот ја помогна институцијата во изготвување на веб-сервисот на Катастарот за увид во податоците од имотен лист; интернет-услуга – приказ на топографските карти и авионски фотоснимки на веб-страницата на катастарот, со што се овозможува увид во топографските карти во размер 1:1 000 000  до 1:25 000, и ортофото карти за целата држава 1:25 000; софтвер за едитирање на дигиталните катастарски планови – МакЕдит, истиот е со најнеопходните функционалности за едитирање на ДКП, што претставува услов за дигиталните планови што се креираат, да бидат тековно ажурирани.

Проектот ја помогна институцијата во подготовката на стратешките документи во текот на 2007 година, институцијата беше помогната при изготвувањето на три стратешки документи, и тоа Стратешки бизнис-план, ИКТ-стратегија (која е изготвена), Стратегија за човечки ресурси, Стратегија за финансии и маркетинг. Во текот на 2008 година беа ревидирани сите 3 документи и се разви единствен Стратешко-деловен план на АКН 2009-2012 година.

Проектот ја поддржа институцијата во процесот на воспоставувањето на мрежата од активни GNSS-станици, процесот отпочна на  01.09.2007 година. Во моментот истите покриваат 100% од територијата на Р.Македонија.

Напредокот на проектот е следен преку месечни, квартални и годишни извештаи за напредокот на проектот, кои се достапни на оваа веб- страница. Имплементацијата на проектот беше реализирана при заемната соработка помеѓу вработените на АКН и проектната единица на СИДА- проектот.

Документи: