Работилници » Работилница за националните координатори на ИМПУЛС проектот и НИПП координаторите на земјите учеснички во ИМПУЛС проектот

Работилница за националните координатори на ИМПУЛС проектот и НИПП координаторите на земјите учеснички во ИМПУЛС проектот

Во период од 27. 3 до 29. 3. 2018 година во Јевле, Шведска беше одржанa работилница за националните и НИПП координаторите на земјите учеснички во ИМПУЛС проектот. На работниот состанок беше разгледана координациската улога во НИПП на секоја земја од регионот и беше направена компаративна анализа од презентираните искуства. Секоја институција беше задолжена да направи „cost benefit“ анализа од тековниот процес на воспоставување на националната инфраструктура, со пресек на моменталната ситуација и планираната состојба за период од  три години. На работниот состанок беше презентиран актуелниот модел на договори за споделување на податоци, во рамките на националната инфраструктура на податоци и посакуваниот модел на договори за лиценцирање, што секоја институција би го промовирала во периодот кој следи.

Материјалите од одржаната работилница можете да ги најдете на следните линкови (линк1, линк2, линк3, линк4).