Работилници » Презентација и работилница во врска со воспоставувањето на Адресниот регистар во Република Македонија, мај 2018 година

Презентација и работилница во врска со воспоставувањето на Адресниот регистар во Република Македонија, мај 2018 година

На 8 мај 20018 година, беше одржана првата работилница на тема воспоставување на Адресен Регистар во Република Македонија, која ги запозна општините и градот Скопје со активностите кои ги презема Агенцијата за катастар на недвижности во процесот на воспоставување на овој регистер.

Непостоењето на единствен централизиран Адресен регистар, со точни и ажурни податоци, го отежнува работењето на институциите, соработката и размената на податоци. Тоа доведува до различна евиденција за исти физички или правни лица, постоење на различни адреси за иста недвижност итн. Со Адресниот регистар, ќе се овозможи брз и лесен начин за пребарување и идентификација на улиците, зградите и становите, ќе се поедностават и скратат роковите за воведување на нови улици и ќе се осигура точноста на податоците.

На работилницата своја презентација имаше гостинот од Геодетската управа на Република Словенија, господинот Томаж Петек. Тој презентираше како е воспоставен и како се одржува Адресниот регистар во Република Словенија. Ова споделување на искуствата во сферата на развојот на ефикасна и доверлива земјишна администрација, е одличен начин да се следат современите трендови поврзани во оваа област.

Воедно, воспоставувањето на Адресниот регистар овозможува преземање активности насочени кон: промена на постојната законска регулатива за усогласување со ИНСПИРЕ – директивата на Европската Унија и со техничките спецификации за адресните податоци, прибирање теренски податоци за адресите и куќните броеви, усогласување на постојните податоци со новодобиените податоци, развој и надградба на централен софтвер за Адресниот регистар, како и зајакнување на институционалните капацитети на АКН и на сите засегнати страни како што се општините, министерствата итн.

Во моментот се разгледува можноста од финансирање на дел од активностите од овој проект со средства од фондовите на Европската Унија и Шведската агенција за меѓународна соработка-Сида.

Матeријалите од настанот можете да ги најдете на следните линкови: (линк1, линк2).