Работилници » Национална работилница за Адресен регистар, jуни 2017 година

Национална работилница за Адресен регистар, jуни 2017 година

Во периодот 26-28 jуни 2017 година, во рамките на проектот SPATIAL финансиран од Кралството Холандија и во реализација на холандскиот катастар, се одржа тридневна национална работилница на темата „Воспоставување Адресен регистар во Република Македонија“. Регионалниот проект – Strengthened Professional Access To Information About Land (SPATIAL во регионот на Западен Балкан – е финансиран од страна на холандското Министерство за надворешни работи во рамките на МАТРА-претпристапната програма.

Преку регионалниот проект МАТРА се помага на земјите од регионот во процесот на хармонизирање и подобрување на пристапот до расположливите геопросторни информации. Во однос на Репубика Македонија, проектот треба да овозможи поддршка за зголемено користење на геопросторните податоци и сервиси преку националниот геопортал на Република Македонија, подготовка на план за комплетирање на Адресниот регистар во Република Македонија, зајакната институционална структура и управување, зајакнати институционални и организациски капацитети на Катастарот при вршењето на функционалностите насочени кон обезбедување сервиси, зголемено користење на геопросторните информацииза масовна проценка и зајакната свесност и познавање на концептот на отворени податоци. На работилницата учество зедоа претставници од Агенцијата за катастар на недвижности, Министерството за внатрешни работи, Централниот регистар, Министерството за транспорт и врски, Градот Скопје и од приватните геодетски фирми ангажирани за прибирање на адресните податоци од терен.

На работилницата учество зедоа претставници од Агенцијата за катастар на недвижности, Министерството за внатрешни работи, Централниот регистар, Министерството за транспорт и врски, Градот Скопје и од приватните геодетски фирми ангажирани за прибирање на адресните податоци од терен.
Конкретна цел на оваа работилницае пренесување на искуствата при воспоставувањето и одржувањето на адресниот регистар во Холандија на сите засегнати страни во Република Македонија кои имаат одредена улога при формирањето и одржувањето на Адресниот регистар во Република Македонија и да дадат второ мислење за полесно воспоставување на адресниот регистар во стандарден формат согласно со INSPIRE-директивата 2007/2/EC на Европскиот парламент и Советот на ЕУ од 14 март 2007 год., како и INSPIRE Data Specification on Addresses – Technical Guidelines“ од 24 април 2014 година.

Од страна на претставниците на Агенцијата за катастар на недвижности се изврши презентација на предлог-законот за Адресен регистар, се презентира мобилната апликација за собирање на адресните податоци од терен, системот за контрола на квалитет на собраните адресни податоци од терен и воопшто предизвиците со кои се соочуваме при воспоставувањето на Адресниот регистар.


Експертите од холандскиот катастар на работилницата ги презентираа своите искуства и како експерти во таа област предложија одредени предлог-решенија за истакнатите предизвици со кои се соочувааме при воспоставувањето на Адресниот регистар со цел да создадеме поефикасенадресен регистар.