Работилници » Втора обука наменета зa трговците поединци – овластени геодети

Втора обука наменета зa трговците поединци – овластени геодети

На 10. 5. 2018 година, на Градежниот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, беше одржана втората обука за 2018 година, наменета зa трговците поединци – овластени геодети.

Обуката беше со тема: „Геодетската дејност во Република Словенија“. Гостин – презентер беше г. Томаж Петек, од Геодетската управа на Република Словенија, специјалист со долгогодишно искуство во областа на геодезијата.

Споделувањето на искуствата во сферата на развојот на ефикасна и доверлива земјишна администрација, е одличен начин да се следат современите трендови поврзани во оваа област. Тоа го докажа и завидното ниво на посетеност на обуката која се одржа во рамките на годишната програма за обука на овастените геодети.

Презентацијата на г. Петек можете да ја најдете на следниот ЛИНК.