Професионални корисници » е-кат шалтер

е-кат шалтер

За потребите на надворешните корисници, АКН обезбеди веб-апликација „е-кат шалтер“ со која можат да се пребаруваат и да се издаваат податоци од геодетско-катастарскиот информациски систем на Агенцијата за катастар на недвижности.

Упатства за корисниците на Електронскиот шалтер на АКН од 15.10.2017 

Поради задолжителна надградба на безбедносните стандарди наметнати од меѓународниот PCI DSS (Payment Card Industry Data Security Standard) кој се однесува и на интернет (online) плаќањата со платежните картички, Casys процесинг центарот користен во електронскиот шалтер за плаќање на услугите кон Агенцијата за катастар на недвижности, почнувајќи од 15.10 2017 година ќе мора да се извршуваат од Интернет пребарувач кој задолжително го користи безбедносниот протокол TLS 1.2.

Доколку сте корисник на Јава Токен, а со цел да може непречено да се користи системот Електронски шалтер потребно е вашиот токен со сертификат да го замените кај овластените издавачи на персонални сертификати најдоцна до 15.10.2017 година.

Целосно известување со насоки за постапување (.pdf)
Упатство за проверка дали корисникот користи Јава Токен (.pdf)
Упатство за конфигурирање на Интернет пребарувач Mozilla Firefox за пристап до „е-кат шалтер“ на АКН (.pdf)


Општи информации за корисниците на Електронскиот шалтер на АКН
(склучување договор, инсталација на токен, прирачници за користење на модули)

За пристап до апликацијата „е-кат шалтер“, корисниците треба да обезбедат компатибилни уреди, и тоа: компјутер со најмалку оперативен систем Windows XP или понова верзија, скенер со можност за експорт во pdf формат, пристап до Интернет со брзина  од најмалку 2 Mbps, дигитален сертификат издаден од овластен издавач и токен, платежна картичка поддржана од Casys, софтвер Acrobat Reader верзија 11 и интернет пребарувач Mozilla Firefox (верзија 24.0, верзија 47.0.1, верзија 51.0.1).

Чекори за склучување на договор за користење на апликацијата „е-кат шалтер“ (.pdf) 

За да станете корисник на „е-кат шалтер“ потребно е да се потполнат потребните документи за регистрација:

Барање за пристап до услуга „е-кат шалтер“ (регистрација).pdf
Прилог бр.1 и бр.2 кон Договорот за користење на „е-кат шалтер“.pdf
Барање за пристап до сервис WAТCH DOG (.pdf)

За користење на апликацијата „е-кат шалтер“ на Агенцијата за катастар на недвижности, потребно е да се потпише соодветен договор:

Договор за користење на „е-кат шалтер“ за професионални корисници – нотари, извршители,банки, приватни геодетски фирми и др. (.pdf)
Договор за користење на „е-кат шалтер“ за професионални корисници – проценители (.pdf)
Договор за користење на сервисот WATCH DOG (.pdf)

Упатствата за потребните инсталации кои што треба да се направат за да се овозможи пристап до апликацијата „е-кат шалтер“, можете да ги преземете на следните линкови:

Упатство за инсталација на Gemalto .NET токен (.pdf)
Упатство за читање на серискиот број на сертификат (.pdf)
Упатство за инсталација и поврзување со VPN клиент (.pdf)

 Инсталациите се достапни на следниве линкови:

  1. Any Connect VPN клиент (Преземи инсталација)
  2. Интернет пребарувач Mozilla Firefox (Преземи: верзија 24.0, верзија 47.0.1, верзија 51.0.1)
  3. Java runtime (Преземи инсталација)
  4. Gemalto Classis Client (Преземи инсталација)
  5. Gemalto .NET (Преземи инсталација)
  6. TeamViewer (Преземи инсталација)

Упатствата за користење на модулите на „е-кат шалтер“ можете да ги преземете на следните линкови:

Прирачник за користење на модулот  Е-ИМОТЕН ЛИСТ (.pdf)
Прирачник за користење на модулот Е-ПРАВЕН ОСНОВ (.pdf)
Прирачник за користење на модулот Е-ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ (.pdf)
Упатство за издавање на податоци за дигитален елаборат (.pdf)

Доколку сте регистриран корисник, Ве молиме најавете се тука.

За секое издавање на услугата (имотен лист) од апликацијата „е-кат шалтер“, потребно е да пополните барање (за преземање на образецот кликнете тука). Барањата потребно е да ги имате во Вашата архива.