Професионални корисници » Графички регистар за градежно земјиште

Графички регистар за градежно земјиште

Графичкиот регистар за градежно земјиште (ГРГЗ) е единствен регистар во кој се содржани сите просторни и описни податоци за градежното земјиште во Р Македонија. ГРГЗ претставува системско решение кое воспоставува комплетна стандардизација на процеси, постапки и податоци, а сѐ со цел унификација на урбанистичките планови на територијата на Р. Македонија.

Целта на ГРГЗ е да овозможи транспарентност на постапката на урбанистичкото планирање на територијата на Република Македонија, изработка на анализи поврзани со управувањето на градежното земјиште, побрза и поедноставна постапка за издавање извод од урбанистичките планови, нумерички податоци и други податоци за градежното земјиште.

ГРГЗ содржи податоци за урбанистичките планови за макропланирање и микропланирање. Покрај овие податоци тука се интегрирани и податоците од катастарот на недвижности кои се користат за анализирање, издавање податоци и визуелна презентација на истите.

Системот за ГРГЗ претставува централизирано веб решение кое опфаќа повеќе работни процеси и функции во постапките на донесување, односно одобрување на урбанистичките планови (УП), импортирање и чување на УП, анализа и статистика на податоците од ГРГЗ во корелација со податоците од катастарот на недвижности, како и издавање податоци и документи од ГРГЗ. ГРГЗ е наменет за професионалните корисници меѓу кои се општините во РМ, проектантските бироа за изработка на урбанистичко-планската документација, министерствата, приватните геодетски фирми и Агенцијата за катастар на недвижности.

Податоците од ГРГЗ за пошироката јавност се достапни за преглед од информативен карактер преку дистрибутивниот систем на АКН – ОССП.