Картографски производи » Топографски карти

Топографски карти

Агенцијата за катастар на недвижности меѓу другите надлежности е надлежна и за изработка на топографски карти, изработка на ортофото карти/планови и за управувањето со картографската база на податоци. Топографските карти се изработени врз база на богата збирка на просторни и атрибутни податоци кои се досптани за целтата територија на Република Македонија.

Во зависност од размерот во кој се изработуваат, топографските карти се класифицираат како:

  • крупноразмерни, со размер 1:25000 и 1:50000,
  • средноразмерни, со размер 1:100000 и 1:200000 и/или 1:250000 и
  • ситноразмерни, со размер 1.500000 и 1:1000000

Топографски карти се изработуваат и се достапни во дигитална форма врз основа на податоците од извршениот премер во согласност со картографските стандарди. Податоците од топографските карти согласно просторната инфраструктура на податоци се организирани во картографска база на податоци во векторски и растерски формати кои се поделени во неколку тематски нивоа и тоа:

  • административни области,
  • класификација на земјиште,
  • патна инфраструктура,
  • железничка инфраструктура,
  • хидрографска инфраструктура,
  • мали објекти,
  • топографски карактеристики и
  • текстуални записи

Дигиталните картографски податоци, се организирани по номенклатура на топографските карти базирана на размерот.

Агенцијата има надлежност на секои пет години да врши авионско снимање во функција на изработка на ортофото карти/планови кои претставуваат основа за ажурирање на топографските карти. Со ажурирањето на топографските карти се врши усогласување на податоците од топографските карти со фактичката состојба на теренот.

Агенцијата, за топографските карти изработува метаподатоци, согласно меѓународни стандарди за метаподатоци кои се јавно достапни на НИПП порталот.

Агенцијата е надлежна и за изработка на прегледни, тематски и училишни карти, прегледни листови на картите, изданија на картите, атласи, албуми и макети. Овие картографските производи од ставот можат да ги изготвуваат и други правни лица по претходно издадено овластување од страна на Агенцијата, врз основа на поднесено барање. Податоците кои се однесуваат на хидрографската, патната и железничката инфраструктура, топографските карактеристики и административните области се задолжителни при изработката на сите тематските карти.

Агенцијата располага со два типа на топографски карти кои се поделени во зависност од периодот кога се изработени и тоа стари топографски карти кои се изработени од Воено-географскиот институт во Белград и новите топографски карти за ГИС на Р. Македонија кои се достапни на два јазика и тоа на македноски и анлиски јазик.