Членство во меѓународни организации » UNECE – WPLA

UNECE – WPLA

Economic commission for Europe of United Nations (UNECE)Working Party on Land Administration (WPLA). УНЕЦЕ е формирана во 1947 година, за да ја промовира Европската економска интеграција. Вклучува 56 земји членки од Европа, Северна Америка и Азија, додека повеќе од 70 меѓународни организации учествуваат во нејзините активности. Својата работа ја извршува преку: „Комитетот за домување и управување со земјиште“ (CHLM) и „Работната група за земјишна администрација“ (WPLA).

Главните цели на Работната група за земјишна администрација се промоцијата и унапредувањето на управувањето со земјиштето, поддршка на сигурноста на недвижностите, подобрување и создавање поефикасни земјишни регистри и промоција на одржливи политики за користење на земјиштето. Во нејзините рамки е формирано „Биро за управување“, составено од 13 членови, преставници на националните Агенции за катастар, мапирање и регистрација на недвижности. Во март 2017 година, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, стана рамноправна членка во Работната група за земјишна администрација, со свој преставник во Бирото за управување.

Активностите на „Бирото“ се фокусирани на меѓународната размена на знаења од областа на земјишната администрација и менаџментот со недвижности. Со својата работа придонесува во подобрувањето на управувањето со земјиштето во регионот на Европа и Источна Азија, како и во реализацијата на потребите и приоритетите на земјишната администрација во регионот.