Членство во меѓународни организации » ICA

ICA

ICA (International Cartographic Association), меѓународната картографска асоцијација е основана во 1959 година, во Берн, Швајцарија. Мисијата на асоцијацијата е меѓународно да ги промовира картографските дисциплини и науката за географско – информационите системи (ГИС).

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, стана членка на Меѓународната картографска асоцијација на нејзиниот 14 Конгрес одржан во Москва, Русија, во август 2007 година.

Меѓународната картографска асоцијација има 71 полноправни членки и тоа национални картографски или катастарски агенции. Дополнително, 34 институции, или компании кои ја поддржуваат работата на Асоцијацијата се и нејзини придружни членови.