Членство во меѓународни организации » FIG

FIG

(International federation of Surveyors) – FIG е водечка меѓународна организација која ги застапува интересите на геодетите низ целиот свет. Ги обединува националните здруженија и опфаќа цел спектар на професионални полиња во рамките на глобалниот премер, геодетската и геоинформатичката заедница. Обезбедува меѓународен форум за дискусија и развој за промовирање на професионалната пракса и стандарди.

Агенцијата за катaстар на недвижности на Република Македонија стана придружна членка на Меѓународната федерација на геодети (FIG) на 23 конгрес во октомври 2006 година во Минхен, Сојузна Република Германија.

Меѓународната федерација на геодети е формирана на 18 јули 1878 година, во Париз, од страна на седум национални организации – Белгија, Франција, Германија, Велика Британија, Италија, Шпанија и Швајцарија. Сега веќе е невладина организација признаена од Организацијата на обединетите нации и брои над 120 земји членки од целиот свет. Нејзината основна цел е да осигура дека геодетската дејност ги задоволува потребите на пазарите и заедниците на кои припаѓаат.