Членство во меѓународни организации » Eurogeographics

Eurogeographics

EUROGEOGRAPHICS е европска асоцијација на национални организации за катастар, регистрација на земјиште и картографија. Oснована е во 2002 година како непрофитна организација и во моментот брои 63 членки од 46 европски земји.

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија е членка на „Еурогеографикс“ од 2007 година. Вклучена е во реализација на одредени проекти и обезбедува квалитетни и ажурни гео-информации, со што дава национален придонес во воспоставувањето на европската инфраструктура на геопросторни податоци (GIS). Агенцијата за катaстар на недвижности со свои сетови на податоци активно учествтвува во следните Еурогеографикс производи:

  • Euro Boundary Map – администрaтивни и статистички единици во размер 1:100 000;
  • Euro Global Map – топографска збирка на податоци во размер 1:1 000 000;
  • Euro Regional Map – топографска збирка на податоци во размер 1:250 000;
  • Euro DEM – дигитален модел на теренот.

Улогата на „Еурогеографикс“ е да ја развива европската инфраструктура на просторни податоци. Нејзините членки учествуваат во развојот на политиките, споделуваат знаења и искуства и изнаоѓаат заеднички решенија. Како европска асоцијација „Еурогеографикс“ соработува со Европската комисија и Европскиот парламент, давајќи поддршка во имплементацијата на европските иницијативи и проекти.