Членство во меѓународни организации » EUREF

EUREF

European REference Framework (EUREF) – европската референтна рамка, е подкомисија на IAG (Internacional Association of Gedesy), формирана во 1987 година на генералното заседание на IUGG (Internacional Union of Geodesy and Geophisics), одржано во Ванкувер. Одговорна е за дефинирање, реализирање и одржување на европските геодетски референтни рамки (геодетската референтна инфраструктура за мултинационални проекти во кои се бара прецизно гео-позиционирање).

Основни надлежности на EUREF се:

  • Воспоставување и одржување на Европскиот терестрички референтен систем ETRS89 (European Terrestrial Reference System) и Европскиот вертикален референтен систем EVRS (European Vertical Reference System);
  • Промоцијата и поддршката при воведувањето во употреба на ETRS89 и EVRS системите во партнерските земји;
  • Развој и одржување на мрежата на перманентни GNSS станици EPN (EUREF – GNSS Permanent Network).

European Permanent GNSS stations network (EPN)Европската мрежа на перманентни GNSS станици е асоцијација на повеќе од 100 агенции, универзитети и истражувачки институции од повеќе од 30 европски земји. Податоците од EPN мрежата, добиени од повеќе од 200 перманентни GNSS станици, обезбедуваат само одржување на ETRS89 координатниот систем, но и се користат за широк спектар на научни апликации, како што се следењето на деформациите на земјината кора, нивото на светското море и слично.

Перманентната GNSS станица во Охрид e дел од EPN мрежата од 1998 година кога таа функционираше како поединечна GNSS станица, а од 2008 година станува и дел од „МАКПОС“ системот.