Членство во меѓународни организации » EUPOS

EUPOS

European Position Determination System EUPOS – Европскиот систем за позиционирање, е меѓународна непрофитна иницијатива на јавни институции кои даваат услуги поврзани со GNSS позиционирање и навигација. Основан е во март 2002 година во Берлин – Германија. На основачкото собрание учествуваат 12 земји од Централна и Југоисточна Европа, меѓу кои и Република Македонија.

Основната цел на „EUPOS“ е олеснување на воспоставувањето и давање поддршка при функционирањето на мултифункционалните системи на „GNSS“ референтни станици, врз основа на заеднички стандарди, како и создавање на заеднички производи и услуги за потенцијалните корисници.

EUPOS делува како паневропска организација на даватели на GNSS сервиси, го претставува заедничкиот интерес на нејзините членки и соработува со други меѓународни организации и научни институции кои дејствуваат во областа на GNSS технологиите. Во EUPOS членуваат повеќе од 20 национални агенции и институции од областа на геодезијата од Централна и Југоисточна Европа, меѓу кои и Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија.