Меморандуми за соработка » Меморандуми за соработка со меѓународни институции

Меморандуми за соработка со меѓународни институции

1. Во ноември 2017 година Агенцијата за катастарот на недвижностите на Република Македонија и Агенцијата за геодезија, картографија и катастар на Република Бугарија потпишаа меморандум за соработка во областа на основните геодетски работи, картографијата, катастарот на недвижностите, геоинформатиката и инфраструктурата за просторни податоци. Со Меморандумот се утврдува заедничкиот интерес на двете институциии да се помагаат и да поттикнуваат реализација на заеднички проекти од соодветните области.

2. Во март 2017 година Агенцијата за катастар на недвижности и Генералната команда за картирање на Република Турција потпишаа Меморандум за разбирање кој предвидува развој и имплементација на програми за специјализирани обуки од областа на картографијата, како и размена на некласифицирани геопросторни податоци.

3. Во април, 2016 година Агенцијата за катастар на недвижности потпиша Меморандум за разбирање со Централната канцеларија за регистрација на недвижниот имот на Република Албанија кој предвидува институционална и партнерска соработка во областа на земјишната администрација.

4. Во ноември 2013 година Агенцијата за катaстар на недвижности потпиша Меморандум за соработката со Републичкиот геодетски завод на Република Србија и Меморандум за соработката со Управата за недвижности на Црна Гора. Меморандумите предвидуваат размена на знаење и стручност на полето на востановувањето на катастарот на недвижности, управувањето и користењето на националните ГНСС системи, подземниот катастар и воспоставувањето на инфраструктурата на просторните податоци.

5. Во ноември 2013 година во Сараево,Федерација Босна и Херцеговина беше потпишан Регионален Меморандум за соработката помеѓу земјите од Западен Балкан, и тоа помеѓу: Централната управа за запишување на недвижен имот и Државната управа за гео-просторни информации на Република Албанија,Федералната управа за геодетски и имотно-правни работи на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Републичката управа за геодетски и имотно правни работи на Република Српска, Агенцијата за катастар на Косово, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, Управата за недвижности на Република Црна Гора и Републичкиот Геодетски Завод на Република Србија.Целта на потпишувањето беше продлабочување на регионалната соработка и размена на информации од областа на инфраструктурата на просторни податоци и ИНСПИРЕ директивата;подготовка и реализација на регионални проекти поврзани со инфраструктурата на просторни податоци кои се од заеднички интерес за регионот;размена на научни и технички информации, прописи, спецификации, стандарди и производи од областа на инфраструктурата на просторни податоци;заедничка организација на симпозиуми, работилници и меѓународна промоција на зедничките проекти за соработка .

6. Во окомври,2012 година беше потпишан Меморандум за соработка со Геодетската управа при Министерството за инфраструктура и просторно планирање на Република Словенија.

7. Во јуни 2012 година во Истанбул, Република Турција беше потпишан Меморандум со Генералниот директорат за земјишна регистрација и катастар на Република Турција. Меморандумот беше основа за превземањето на на старите таписки книги кои ја опфаќааѕ територија на денешна Република Македонија. Целокупниот процес на превземање на таписките книги беше координиран со Министерството за надворешни работи, Агенцијата за катастар на недвижности, Државниот архив на Република Македонија, Институтот за национална историја и Македонската академија за науки и уметност. Превземениот материјал содржи околу 500.000 листови пишувани на старотурски јазик.

8. Во јули 2011 година Агенцијата за катастар на недвижности го потпиша Меморандумот за соработка со Државната геодетска управа на Република Хрватска.Со овој меморандум за првпат се изразува јасен интерес за подготовка и реализација на регионални проекти и заедничкиот настап пред меѓународните професионални организации.

9. Во март 2011 година Агенцијата за катастар на недвижности го потпиша Меморандумот за разбирање со Националниот завод за картирање, катастар и земјишна регистрација на Кралството Шведска. Меморандумот предвидува институционална и партнерска соработка во областа на земјишната администрација.

10. Во септември 2010 година потпишан е првиот меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности и Агенцијата за катастар, земјишен регистер и картографија на Министерството за станбени прашања, просторно планирање и животна средина на Кралството Холандија. Во февруари 2016 година беше потпишан вториот Меморандум за соработка помеѓу двете институции кој меѓудругото предвидува зајакнување на институционалните капацитети во реализацијата на важни технички аспекти поврзани со сегментите на 3Д катастарот, е-земјишна администрација, при производство на топографски карти и имплементацијата на НИПП.