Меморандуми за соработка » Меморандуми за соработка со домашни институции

Меморандуми за соработка со домашни институции

1. Во април 2017 година Агенцијата за катастар на недвижности и Државниот завод за статистика потпишаа меморанум за соработка за активности кои се од заеднички интерес за двете институции.

2. Во 2016 година Воената академија “Генерал Михаило Апостолски” Скопје – придружна членка на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип потпиша Меморандум за соработка со Агенцијата за катастар на недвижности.

3. Во 2015 година Агенцијата за катастар на недвижности потпиша меморандум за соработка со Градот Скопје истото во функција на утврдување на ажурна состојба при утврдувањето и наплатата на данок на имот за градот Скопје и општините во Градот Скопје.

4. Во 2015 година беше потпишан меморандум за соработка со Комората на проценувачи на РМ со цел воспоставување на меѓусебна соработка во процесот на создавање на база на податоци на проценети вредности на недвижностите.

5. Во април, 2015 година Агенцијата за катастар на недвижности потпиша меморандум за соработка со Природно-математичкиот факултет, Институт за географија при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје .

6. Во април,2014 година беше потпишан меморандум за соработка со СГГУ на ГС „Здравко Цветковски“-Скопје .

7. Во октомври 2013 година Агенцијата за катастар на недвижности и Градежниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје го потпишаа вториот меморанум за соработка.

8. Во 2010 година Агенцијата за катастар на недвижности и Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, Универзитет “Св.Кирил и Методиј” во Скопје потпишаа договор со кој се уредуваат меѓусебните односи при реализацијата на Проектот за воспоставување и одредување апсолутна и релативна гравиметриска мрежа во Република Македонија.

Потпишаните Меморандуми со образовните институции претставуваат основа за спроведување на практичната настава на студентите од соодветните високо образовни институции и средното геодетско техничко училиште со цел запознавање со работните процеси на Агенцијата од областа на картографијата, основните геодетски работи, катастарот на недвижности, ГИС системите итн.