Актуелни проекти » Проект SPATIAL

Проект SPATIAL

Регионалниот проектот – Strengthened Professional Access To Information About Land (SPATIAL) in the Western Balkan Region – финасиран е од страна на Холандското министерство за надворешни работи во рамките на МАТРА предпристапната програма. МАТРА програмата управувана е од страна на Министерство за надворешни работи на Кралството Холандија и има за цел  да даде  подршка на земјите од Регионот на Југоисточна Европа  во процесот кон приклучувањето  во Европската унија. Преку Регионалниот МАТРА проект се планира да им се помогне  на земјите од Западен Балкан во процесот на хармонизирање и подобрување на пристапот  до расположливите геопросторни информации. Пристапот, транспарентноста и користењето на професионалните  геопросторни податоци ќе овозможат носење на ефикасни и ефективни одлуки и водење политики од кои најголеми продобивки  би имало општеството во целина.

Проектот ќе се имплементира во период од 1 –ви Јануари 2017 година до 31 декември 2018 година, вкупниот проектен буџет е во износ од  530.000 евра и концепиран е во  три проектни компоненти:
  • Проектна компонента за Агенцијата за катастар на недвижности, Република Македонија,
  • Проектна компонента за  Републичкиот геодетски завод, Република  Србија, и
  • Регионална проектна компонента.
Агенцијата за катастар на недвижности во соработка со Холандската агенција за картографија, земјишна регистрација и катастар, работеше на подготовка на проектните активности кои се однесуваат на проектна компонента за Агенцијата за катастар на недвижности, и тоа :
  • Зголемено користење на геопросторните податоци и сервиси преку  националниот Геопортал на Република Македонија,
  • Подготовка на  план за комплетирање на Адресниот регистер во Република Македонија,
  • Зајакната институционална структура и управување,
  • Зајакнати   институционални и организациски капацитети на АКН, при вршењето на функционалностите насочени кон обезбедување  сервиси,
  • Зголемено користење на геопросторните информации  во функција за масовната проценка,
  • Зајакната свесност и познавање на концептот на отворени податоци.
Повеќе детали за проектот на следниот линк