Актуелни проекти » Проект ИМПУЛС

Проект ИМПУЛС

Проектот има цел да ги поддржи националните агенции за катастар и геодезија во  земјите од регионот  во  процесот на имплементација на директивата INSPIRE, односно воспоставувањето на Национална инфраструктура за просторни податоци (НИПП). Проектот ќе обезбеди капацитети со цел  да се постигне техничка интероперабилност помеѓу институциите, дистрибуција на геоподатоците во електронска форма, развој на  услуги и сервиси со цел размена и споделување геоподатоци  помеѓу институциите во секоја земја, меѓу земјите од регионот, како и со земјите од Европската унија.

Буџетот на проектот  е поддржан со средства од Шведската агенција за меѓународен развој – Сида во износ од   38 900 000 шведски круни, а дел од средствата обезбедуваат и партнерите во проектот, и тоа  главен носител на спроведувањето на проектот е  Шведската државна управа за картографија, катастар и запишување на земјиште –  Lantmäteriet, додека помлад партнер е Државната геодетска управа на Република Хрватска.
Планирано е  проектот ИМПУЛС   да се   имплементира во период од 2014  до 2018 година.

Корисници на проектот се осум институци од шест земји од регионот, и тоа:

  • Централна управа за запишување на недвижен имот на Република Албанија
  • Национална управа за геопросторни информации во Албанија
  • Сојузна управа за геодетски и имотни односи на ФБиХ
  • Републички завод за геодетски и имотни работи на Република Српска
  • Агенцијa  за катастар на Косово
  • Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија
  • Директорат за недвижности на Република Црна Гора
  • Републички геодетски завод на Република Србија

Проектот е дизајниран во вкупно шест работни пакети, и тоа:

  • Работен Пакет 1  Управување со проектот и администрација
  • Работен Пакет 2  Политики за размена на податоци и регулатива
  • Работен Пакет 3  Хармонизација на податоците
  • Работен Пакет 4  Метаподатоци и евалуација на квалитетот
  • Работен Пакет 5  Распространување на информациите:

o    Услуги

o    Портал(и)

  • Работен Пакет 6  Придобивки:

o    Демонстрации

o    Спроведување пилот-проекти

Очекуваните резултати од проектот  се градење специфична компетентност на вработените во институциите преку подготовка на тренинг-програма за обуки и усовршување, развој на стратегија за комуникација на главните чинители во директивата ИНСПИРЕ  и нивна зголемена свесност за потребата од развивање и споделување на геоподатоците преку сервиси. Подготовката и развојот на моделите за споделување податоци, развојот на техничката архитектура на инфраструктурата на просторни податоци, хармонизацијата на податоците имаат цел градење на заедничка платформа и  меѓугранична  соработка  со земјите од   регионот во областа на размената на просторните податоци.

За повеке детали кликнете тука.