Користење на веб сервисот Е-увид во катастар на земјиште

Користење на веб сервисот Е-увид во катастар на земјиште

За користење на услугата, увид во поседовен лист преку веб сервисот на Агенцијата за катастар на недвижности, потребно е:

  • да се регистрирате на веб страната,
  • да го превземете договорот за користење на услугата, читко да го пополните во шест примероци,
  • да уплатите на жиро сметка парични средства во вредност од бројот на пребарувања кои сакате да ги користите според тарифникот.

Со овие документи треба да дојдете во Агенцијата за катастар на недвижности, ул.Трифун Хаџи Јанев бр.4 1000 Скопје (населба Автокоманда), за да се потпише и завери договорот за користење на услугата и да се активира вашиот кориснички акаунт.

Дополнителни информации:

Инфо линија/Грижа на корисници тел: 02/3173-825

Регистрација
Договор за користење на услугата 
Тарифник за користење на услугата