За нас » Oрганизација на АКН

Oрганизација на АКН

Внатрешната организација и работата на АКН произлегуваат од нејзините  надлежности утврдени со закон, преку групирање на работите и задачите според нивниот вид, обем, сложеност и меѓусебна сродност и поврзаност.Со Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) управува Управен одбор што е составен од пет члена, и тоа по еден член на предлог од Министерството за правда, Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Членовите на Управниот одбор ги именува и ги разрешува Владата на Република Македонија за период од пет години, без право на повторен избор.

Со внатрешната организација на АКН се обезбедува:

  • законско, стручно, ефикасно, уредно, отворено, совесно и навремено извршување на работите и задачите во согласност со Уставот и со законот;
  • независност и одговорност при вршењето на работите и задачите;
  • остварување на лична и колективна одговорност за вршење на доверените работи што произлегуваат од секое работно место;
  • правилно распоредување на работите, соодветно на работните места и следење на нивното извршување;
  • развивање и унапредување на тимската работа;
  • развивање и унапредување на стратегиите за стручно усовршување на вработените;
  • примена на современи методи за работа;
  • сервисна ориентираност кон граѓаните и правните лица;
  • остварување  меѓусебна соработка на организациските облици во Агенцијата и нивна соработка со други органи и организации во земјата и во странство, како и нивна приспособеност кон надлежностите на Агенцијата утврдени со закон и кон потребите на граѓаните.
ОРГАНОГРАМ
Правилник за организација и работа на Агенцијата за катастар на недвижности – заведен под бр. 0101/15955/1 од 16.10.2015 година